ПЕРФЕКТЕН ДОРУЧЕК! Leave a comment

ПЕРФЕКТНИОТ ДОРУЧЕК

  • 4-6 белки со 2 цели јајца
  • 70 грама овесни снегулки
  • 1 банана

525 калории, 38 грама протеин, 59 грама јаглехидрати, 15 грама масти

 

Зoшто баш овај оброк? Јајцата, основата на секој фитнес план за исхрана нудат брза апсорбција за утринско започнување на процесот на мускулен раст. Овесните снегулки обезбедуваат сложени јаглехидрати и бананата содржи фруктоза и калиум, кои помагаат за гликогенско формирање во црниот дроб и мускулите за да се минимизира мускулното разградување.

Совет за оние кои имаат проблем со качување на мускулна маса: Наместо вода, користете 400мл нискомаслено млеко за подготвување на овесните снегулки. Тоа додава уште 16 грама протеин, 24 грама јаглехидрати и 4 грама масти.

Совет за оние кои сакаат да намалат на вишок телесни масти: Консумирајте само белки за да ги задржите калориите што пониско и користете јагоди наместо банана за да „заштедите“ додатни 50 калории.

 

*  Статиите објавени на hardcoreshop.mk се од информативен карактер и не се приспособени во зависност од индивидуалните потреби. За да употребувате одредена диета или суплементи консултирајте се со вашиот доктор или нутриционист

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *