Колку често треба да се менува тренинг програмата? Leave a comment

Кога треба да ја промените програмата?

Не постои универзален одговор на ова прашање бидејќи тој зависи од многу фактори. Но, вашето тело ви дава доволно знаци со кои ви покажува дека е време за промена. Ова се трите кои се најочигледни:
1. Вашето тело не се менува – во текот на еден – два месеци сте виделе прогрес, но веќе некое време стагнирате.
2. Не можете да ги зголемите тежините со кои вежбате
3. Не осеќате мускулна болка

Што можете да промените во вашата тренинг програма?

  • Сетови и повторувања

Секој пат вежбате по 5 сета од по 10 повторувања? Зголемете го бројот на повторувања за да го натерате телото да се бори да издржи подолго време. Обидете се со 4 сета од по 15 повторувања, без да правите промени во тежините.

  • Паузи

Кога правите потешки вежби, нормално е да правите поголеми паузи за опоравување помеѓу сетови. Но, обидете се да го намалувате времето за одмор за да го извадите телото од зоната на комфорт.

  • Тежина

Не се фаќајте за истите тегови секој пат, поместете ги сопствените граници! Натерајте го телото да се бори со тоа што ќе му дадете предизвик со поголема тежина. Доколку веќе вежбате со големи тежини, обидете се да ги намалите, со тоа што ќе го зголемите времето на тензија. За кратко време ќе забележите каков ефект има тоа на вашето тело.

 

*  Статиите објавени на hardcoreshop.mk се од информативен карактер и не се приспособени во зависност од индивидуалните потреби. За да употребувате одредена диета или суплементи консултирајте се со вашиот доктор или нутриционист.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *