Грешки кои ги правите со вашите суплементи за пред тренинг! Leave a comment

Ги земате во погрешно време

Суплементи пред тренинг (pre-workout) – самото нивно име посочува кога би требало да се консумираат, но не во буквална смисла. Дури и поискусните вежбачи понекогаш ја прават грешката да ги земат овие суплементи баш пред влезот од теретаната, заборавајќи на фактот дека на поголемиот дел од нивните активни состојки им се потребни 30-60 минути за да се апсорбираат во крвта. Така го користат ефектот од суплементите само во текот на пола или една третина од целиот тренинг. Најголем ефект ќе постигнете ако ги земете 30 минути пред да одите на вежбање.

Ги пиете на празен стомак

Ако некогаш сте испиле кафе на празен желудник, чувството ви е познато – зашеметеност, раздразливост, гадење. Ако земете суплементи кои содржат 200-300 милиграми кофеин без да јадете претходно, ќе го имате истото чувство. За да ги минимизирате ваквите несакани ефекти темпирајте еден оброк 30-60 минути пред да земете суплементи пред тренинг. Во овој оброк би требало да избегнувате растителни влакна, зрнеста и јаткаста храна, овошје и зеленчук.

Денес има голем избор на суплементи со најразличен состав – некои од нив имаат толку долга листа на состојки што не можете ни да ја запамтите. Но, не ви се потребни минимални дози од голем број различни состојки, туку соодветна доза од состојките кои му се потребни на вашето тело за да ги издржи интензивните тренинзи.Вашите суплементи за пред тренинг треба да содржат:

Кофеин – ви дава енергија која ви е потребна за да го направите напорниот тренинг и да издржите повеже повторувања и серии.

Цитрулин малат – транспортира кислород и нутриенти до вашите мускули со што ви обезбедува дополнителна енергија за подобрување на вашиот перформанс.

Креатин монохидрат – ја зголемува мускулната маса и силата.

VANDAL | 225 g

 

*  Статиите објавени на hardcoreshop.mk се од информативен карактер и не се приспособени во зависност од индивидуалните потреби. За да употребувате одредена диета или суплементи консултирајте се со вашиот доктор или нутриционист.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *