Дали ви се потребни БЦАА суплементи? Leave a comment

Дали за остварување на вашите фитнес цели се потребни БЦАА суплементи?

Овие аминокиселини се посебно значајни за оние кои сакаат да изградат или да ја одржуваат веќе изградената мускулна маса. Леуцинот тука игра најголема улога, бидејќи помага во регулирањето на синтезата на протеини во мускулите.

При интензивен физички напор телото ги троши резервите на БЦАА што ги внесувате, па така со зголемен внес преку додатоци во исхраната му помагате да ја одржи силата за време на тренинзите кои вклучуваат обемни и интензивни вежби. Овие суплементи исто така ќе ви помогнат побрзо да се опоравите после напорен тренинг, за да бидете подготвени да продолжите со редовната тренинг програма без сериозна мускулна болка.

Ако консумирате БЦАА за време на тренинг вашето тело веднаш ќе ги искористи како извор на енергија. Драстичниот пад на нивоата на овие аминокиселини може да се манифестира во вид на вртоглавици и изнемоштеност додека вежбате. Затоа се препорачува внес на БЦАА за време на тренингот, особено ако вашата исхрана се базира на минимизирање на внесот на јаглехидрати. Дополнително, овие суплементи го зголемуваат согорувањето на вишокот масти за време на физичките активности.

Наша препорака за БЦАА суплемент е Bcaa POWDER 8:1:1 300g од Yamamoto Nutrition

https://hardcoreshop.mk/shop/bcaa-powder-811-300-gr/

*  Статиите објавени на hardcoreshop.mk се од информативен карактер и не се приспособени во зависност од индивидуалните потреби. За да употребувате одредена диета или суплементи консултирајте се со вашиот доктор или нутриционист.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *